Првиот човек на Лион, Жан Мишел Ола, откри дека реванш дуелот од осминафиналето на Лигата на шампионите помеѓу Јувентус и Лион ќе се игра на 7 август во Торино без публика, и со тоа најави каков ќе биде календарот на елитното клупско натпреварување во текот на август, за кога е планирана завршницата.
Иако од УЕФА уште нема никакво официјално известување, штом од Лион се пофалија дека ќе играат на 7 август, петок, тоа значи дека осминафиналињата ќе завршат со реваншите на 8 август, сабота. Треба да се одиграат уште четири реванши од осминафиналето, а патници во четвртфиналето се Аталанта, Атлетико Мадрид, Лајпциг и ПСЖ.
Само три-четири дена подоцна, на 11-ти и 12-ти август (вторник и среда), ќе се играат првите четвртфинални двобои, а реваншите в петок и сабота, на 14-ти и 15-ти.
Нема да има време за одмор или славје, бидејќи на 18-ти и 19-ти август се првите мечеви од полуфиналето, а финалистите ќе се знаат на 21-ви (петок) и 22-ри август (сабота). Финалето во Истанбул ќе се игра на 29-ти август.