Давид Вилја заминал во Барселона за да помогне на Валенсија

Светскиот и европски првак со Шпанија, Давид Вилја, откри дека бил приморен да си замине од Валенсија за да му помогне на клубот финансиски да закрепне. Вилја кој беше главна ѕвезда на Лилјаците, во летото 2010 година направи трансфер во Барселона за сума од 40 милиони евра.

„Валенсија е клуб кој го обожавам и кој ми даде сѐ во фудбалот. Имав многу висока клаузула која што никој не можеше да ја плати. Единствениот начин да си заминам беше ако клубот решеше да ме продаде, а тоа и се случи. Валенсија беше во лоша финансиска состојба. Им требаше пари и затоа се случи трансферот во Барселона, која ги плати парите. Поминав пет години во Валенсија, но морав да си заминам. Си заминав кога клубот имаше потреба да ме продаде. Јас бев многу среќен и задоволен. Секако дека како професионален фудбалер имав професионални стремежи, но тоа не беше главната причина која што си заминав од Барселона каде што поминав одлични сезони. Не само таму, во сите клубови во кои сум играл сум поминал одлично време“, открива Вилја.

Напаѓачот во Валенсија одигра 225 мечеви и даде 129 погодоци. Потоа три години играше во Барселона каде што ги освои сите најзначајни трофеи. Вилја во кариерата заврши со 381 гол во 765 меча на клупски план.

 

- Оглас -

Најнови вести