Го искршија од ќотек, но не го загуби духот – Фергусон танцуваше во болница (Видео)

Тони Фергусон не се предава, иако и буквално беше масакриран од Џастин Гејчи и во болница приреди вистинско шоу со танц покажувајќи дека нема да дозволи да падне со духот по првиот професионален пораз во последните 8 години.

Гејчи, според статистиката, дури 100 пати го погодил во пределот на главата фаворизираниот противник, имаше дури 143 удари во противничкото тело или главата, а судијата мораше да ја прекине битката во УФЦ во петтата рунда.

Фергусон има скршеница на јаболчницата на десното око, но веднаш со видео од болница на симпатичен начин најави брз камбек во октагонот.

- Оглас -

Најнови вести