Гигс: Фергусон имаше четворица миленици, само нив никогаш не ги караше

Само четворица фудбалери кои играле за Црвените ѓаволи во 27-годишниот престој на сер Алекс Фергусон како менаџер на Манчестер јунајтед смееле да прават што сакаат без да бидат казнети. Ова го тврди Рајан Гигс, кој две децении играше за Јунајтед и одлично ги познава приликите.

Привилегираните биле Ерик Кантона, Брајан Робсон, Рој Кин и Кристијано Роналдо, играчи кои оставија длабоки траги во клубот.

„Мислам дека само четворица го избегнаа неговиот ′фен′, како што го нарекувавме неговото внесување во лице и гласно предупредување. Прв беше Кантона. Тој ги толерираше и Робсон, Кин и Роналдо, но тие играа по однапред зацртаните негови совети, додека Кантона си тераше по свое. Имаше мечеви на кои тој ништо не правеше, не се трошеше во одбрана како Руни или Тевес. Ќе си помислевме дека по меч ќе го почувствува бесот на Фергусон, но ништо не се случуваше. На следниот меч Кантона ќе дадеше гол или ќе направеше некоја магија. Фергусон големите ѕвезди ги третираше на посебен начин, им попушташе, но знаеше дека ќе му се оддолжат на терен“, вели Гигс.

Иако и Гигс е една од легендите кои може да се најдат во тоа друштво, Велшанецот сепак неколку пати бил во немилост.

„Шест или седум пати бев казнуван поради караница со Фергусон, поради обична расправија. Не ми беше сеедно, но по неколку години, Фергусон ми кажа дека сакал кога сум му враќал бидејќи сум покажувал дека не сум рамнодушен“, се присетува Гигс.

 

- Оглас -

Најнови вести