На УФЦ 249 настанот видовме неколку интересни дуели кои дел од нив завршија брутално за поразените. На главната борба Џастин Гејтџи го совлада фаворитот Тони Фергусон и го доби појасот за привремен шампион во лесна категорија.
Фергусон иако тешко покорлив, изеде доста ќотек и загуби судиски прекин во петтата рунда. Два дена по борбата, Тони на „Инстаграм“ објави фотографија од болница откако медицинскиот персонал интервенирал по повредите.
Може слободно да се каже дека Гејтџи му го смени личниот опис на Фергусон.