Пет од пет за Блокотехна, Кожув подобар од Куманово

Блокотехна продожува во победнички ритам и по пет натпревари во Првата лига на Македонија. Денес лесно го совладаа тимот на Вардар при конечни 88:67. За ново славје на гевгеличани пресудна беше втората четвртина, која кошаркарите на Илиевски ја освоија со 36-18, па во продолжението без поголеми проблеми ја сочуваа предноста.

Главчев и Мијатовиќ со по 20 поени беа најзаслужни за победата на Блокотехна, Провел беше најефикасен со исто така 20 поени кај Вардар, додека Каруки со 13 поени и 13 скока заврши со дабл-дабл учинок.

Куманово по трите победи во низа, сега нареди два порази, откако денес загуби со 56:50 на гости кај Кожув. По неизвесното прво полувреме, Кожув ја направи првата поголема иницијатива, па во третата четвртина за момент имаа и +10. Предноста ја одржуваа иако кумановци се вратија на само четири поени негатива, но не успеаја да го свртат резултатот во своја корист, што значеше ново разочарување за кошаркарите на Aлександар Петровиќ.

Пековиќ и Караколев беа најефикасни во составот на Кожув со по 11 поени, 10 поени додаде Мишковиќ, додека кај Куманово најрасположен беше Ѓекиќ со 14 поени.

- Оглас -

Најнови вести