Легендарниот напаѓач Андриј Шевченко изрази желба да го води Милан откако ќе му заврши соработката со репрезентацијата на Украина. Ексголгетерот на Росонерите сака да се вклучи во клупско раководење, а воедно и да се врати на „Сан Сиро“, каде што играше цела деценија во дресот на седумкратниот европски првак.
„Сега е најважно секој од играчите да придонесе максимално за екипата во добро светло да ја заврши сезоната. Потоа ќе видиме што носи иднината за Милан. Јас би сакал да се вратам таму еден ден како тренер, тоа ми е желба. Клубот секогаш ќе има место во моето срце. Како и да е, моментално сум фокусиран на украинската репрезентација и ја чекам мојата прилика“, истакна Шевченко.
Шевченко како селектор на Украинците успеа да обезбеди пласман на ЕП 2020 и веројатно по континенталниот собир, кој се одложи за догодина, ќе бара нова работа, а секако ќе конкурира за жешкото столче во Милан. Украинецот своевремено беше миленик на навивачите на Милан, наметнувајќи се како најдобар голгетер во изминатите 25 години со 175 погодоци и освоени две титули во Лигата на шампионите.