Јунајтед троши 70 милиони евра за нов голгетер

Манчестер јунајтед постигна договор со Лион околу услугите на Муса Дембеле, јавуваат англиските медиуми. Црвените ѓаволи наводно ја договориле сумата на трансферот, 70 милиони евра ќе се издвојуваат за францускиот голгетер.

Дембеле треба да биде новата „деветка“ на Солскјер бидејќи неговиот тим во тековната сезона имаше недостаток на таа позиција по заминувањето на Лукаку. За напаѓачот на Лион се интересираа неколку англиски гиганти, меѓу кои беа и Арсенал и Челзи, меѓутоа Јунајтед ги престигна во трката за неговиот потпис.

Дваесет и тригодишниот Дембеле пред прекинот на сезоната во Франција реализира 22 гола на 42 меча во сите натпреварувања. доколку Французинот ја оствари преселбата на „Олд Трафорд“, тој практично ќе се врати во Премиер лигата, ако се знае дека пред Лион и Селтик, играше за Фулам.

https://twitter.com/goal/status/1260808309134602240

- Оглас -

Најнови вести