Роберто Карлос со акробатски лоб успеа некако да му ја дофрли топката на Зинедин Зидан, а еден од најголемите фудбалски уметници на сите времиња со прекрасен волеј постигна победнички гол за Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите против Баер Леверкузен.
Кралскиот клуб славеше со 2:1 на 15 мај, 2002 година на „Хемпден парк“ во Глазгов, а 18 години подоцна, „Франс фудбал“ го прогласи голот од волеј на Зизу за најубав на сите времиња во Лигата на шампионите.
Францускиот магазин „Франс фудбал“ направи листа од 50 најубави голови во историјата на Лигата на шампионите откако се игра под такво име, од 1992 година наваму. На листата има многу прекрасни голови кои се паметат и се раскажуваат. Комбинацијата од убавина, атракција и важност на погодокот беа доволни голот на Зизу да биде прв.
На второ место е голот со ножички од 20-тина метри на Мауро Бресан од 1999 на меч против Барселона, додека третото место му припадна на Кристијано Роналдо и неговите легендарни ножички од преклани, на мечот Јувентус – Реал Мадрид. Целосната листа од 50 најубави голови може да ја видите тука.
Потсетување на мајсторијата на Зидан: