УЕФА призна: Ајтекин влијаеше врз исходот од мечот Барса – ПСЖ кој заврши со 6-1

Повеќе од три години поминаа од неверојатниот камбек на Барселона против ПСЖ со убедливите 6-1 во четвртфиналната рунда во Лигата на шампионите, дуел кој е запишан во аналите на европските натпреварувања. Каталонците надополнија четири гола разлика и обезбедија пласман во следната рунда, но мечот сам по себе донесе доста дискусии околу спорни одлуки и мислењата се поделија.

Дисциплинската комисија на УЕФА призна дека главниот арбитер Дениз Ајтекин влијаел врз исходот на мечот со неколку лоши одлуки. Таков пример е пеналот врз Суарес направен од Маркињос, како и недосудениот фаул над Ди Марија во казнената зона.

Најавено е дека Ајтекин го очекува сакнција поради неодржувањето професионалност, меѓутоа тоа нема да ги смени работите за оштетените Светци

 

- Оглас -

Најнови вести