Тампа беј лајтнинг издвои победа над Отава сенаторс со 4-3 само по 14 одиграни секунди во продолжението. За искачување на лидерската позиција во Источната конференција, хокеарите на Тампа беј мораа да се извлечат одзаостанувањето со два гола.
По првиот период, „сенаторите“ водеа со 2-0, додека голот на Пакете за 2-1 на стартот од втората третина беше единственото возбудување пред решавачката делница. Гостите на 30 секунди до крајот израмнија на 3-3, па во дополнителното време им беа потребни замо 14 секунди да го остварат пресвртот и значајната победа.
Њујорк ренџерс без поголеми проблеми го совладаа тимот на Бафало сејберс со конечни 3-1. „Ренџерите“ создадоа удобна предност во втората третина, но за да ја сочуваат, мораа да одолеат на нападите на гостите во последните 20 минути, а Весеј пред крајот погоди празен гол за 3-1, за да ги разреши сите дилеми на средбата.
Покрај Тампа беј, и Анахејм дакс се израдуваа на триумф по продолжение. Со конечни 3-2, „патките“ го совладаа тимот на Колумбус блу џекетс благодарение на хет-трикот кој го забележа Фаулер. Анахејм беше на чекор до победа во регуларниот дел, но на триесетина секунди пред крајот, Дубуа израмни на 2-2, но Фаулер веќе во првата минута од продолжението ја реши средбата.