Колото за камбек на Бундеслигата ќе заврши со меч што го мразат навивачите (Фото)

Навивачите ширум Германија протестираа против натпреварите што се играат во понеделник во вечерен термин, но тоа беше пред ерата на панедемијата со корона-вирусот. Сега секој меч е важен, па иако не можат да присуствуваат на трибините, фудбалските симпатизери го сменија мислењето.

„Интересно е како се менуваат работите. Се протестираше за да не се играат натпревари во понеделник, но сега во услови кога чекавме повеќе од два месеци да се игра фудбал во Германија, како вистински подарок ни изгледаат и тие мечеви, па дури и кога нема публика. Само нека се игра фудбал, тоа е најважно. Се надеваме дека ќе дојде наскоро и моментот кога трибините ќе бидат полни како порано“, пишуваат германските медиуми.

Симпатизерите на сите 18 клуба во Бундеслигата, речиси без исклучок, протестираа против понеделнички мечеви сметајќи дека првиот ден од неделата не е добар термин за фудбал.

Вердер и Баер ќе играат од 20.30 часот во последниот меч од 26-тото коло, прво по цели два месеци откако почна панедмијата со корона-вирусот.

На „Везер“ со овој меч ќе се спушти завесата од рундата што го најави камбекот на Бундеслигата, а фаворит е Баер. Гостите имаа серија од пет меча без пораз пред ерата на ковид-19 и имаат шанси и за титулата, иако се петтопласирани со 47 бода, 11 помалку од лидерот Баерн, но со меч помалку.

Вечерва веројатно ќе играат без првиот стрелец Кевин Фоланд, кој има повреда на глуждот. Многу поголеми проблеми има Вердер со серија од шест меча без победа или без триумф од јануари.

На домаќините ќе им недостасува поддршката од публиката бидејќи не е дозволено присуство на навивачи на трибините и неколку стандардни играчи.

Дејви Класен и Клаудио Пизаро сигурно нема да настапат, а неизвесни се и Топрак, Аугустистинсон, Мохвалд и Фулкруг. Вердер е претпоследен на табелата со 18 бода, цели девет зад позициите кои гарантираат опстанок.

 

do_widget id=custom_html-5]

- Оглас -

Најнови вести