Македонските натпреварувачи блеснаа на меѓународниот турнир во кикбокс „Трофеј на Белград“. Марко Тодоров синоќа го освои златото во категорија до 57 килограми лоу кик за јуниори. Во финалето, Тодоров со 2:1 го победи Лазар Арсиќ од Ниш.
Со овоеното злато, Марко им се приклучи на Миа Тодорова, Андреа Костовска, Туркер Исмаил, Ледон Рамадани, Викторија Варадинова, Бобан Илиоски, Славче Арсов и Марјан Попадинов, кои претходно се закитија со златени медали. Покрај најсјајните одличја, имавме и натпреварувачи кои освоија и сребрен медал: Мартин Митиќ, Дилан Ивановски и Иван Кукуловски. Бронза освои Павел Стојчевски.
Пехар за најдобар кадет освои Миа Тодорова, додека со тоа одличје, но во јуниорска конкуренција, беше наградена Викторија Варадинова.