Фудбалската федерација на Велс одлучи поради корона-вирусот да го заврши првенството за сезоната 2019/20 и за нов шампион го прогласи клубот Конахс Ки номадс.
Ова е прва титула за овој клуб кој во моментот на прекинот на шампионатот имаше четири бода плус во однос на ТНС (The New Saints), клуб кој доминираше во велшкиот клупски фудбал и имаше осум титули по ред во последните осум години.
Номадите првпат ќе играат квалификации за ЛШ, а ТНС, Бала и Бери таун ќе ја претставуваат земјата во ЛЕ. За испаѓање од лигата, Федерацијата ќе одлучува дополнително.
Пред Велс, беа прекинати првенствата и во Франција, Белгија, Холандија и Шкотска.