Играчите на Реал Мадрид веќе неколку дена тренинраат и се подготвуваат за продолжување на сезоната која веќе два месеци е во прекин поради пандемијата од корона-вирусот. Тренерот на Кралскиот клуб, Зинедин Зидан, вели дека е оптимист и дека формата на играчите ќе биде на задоволително ниво за да се доведе уште некој трофеј во витрините на „Сантијаго Бернабеу“.
🆙 Stretches
⚽ Possession and pressing
🏃♂️ Circuit jogging
✅ Third session – DONE!#RMCity | #HalaMadrid pic.twitter.com/5ICDT0lenP— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) May 20, 2020
„Се радувам што по повеќе од 60 дена повторно можам да работам со играчите. Сите сме задоволни што повторно сме на теренот. Планот е физички добро да се подготвиме и да бидеме во ист ритам како пред прекинот. Изминатата недела беше многу добра за нас, иако трениравме во помали групи. Веќе се гледа напредок кај играчите. Мора да размислуваме позитивно и напорно да работиме. Фудбалерите знаат дека до крајот остануваат уште 11 меча и сакаме да ги одиграме на врвно ниво за да стигнеме до трофејот. Тоа е во ДНК на клубот“, вели Зидан.