Босанските фанатици најавуваат инвазија на Виена (Видео)

Навивачите на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, БХ Фанатикос, најавуваат вистинска инвазија на главниот град на Австрија, Виена, за фудбалскиот меч на 15-ти ноември. Од БиХ најавуваат дека тоа ќе биде најмасовното нивно гостување во историјата.

„Уште 10 дена до најмасовното наше гостување. Австријците добро нè паметат од 2015 година, кога последен пат бевме во Виена, но овојпат не се свесни што ги чека. Двојно поголем број на БХ Фанатикос ќе ја покори Виена. Подгответе ги грлата и дланките, бидејќи пред нас е ултра нездраво гостување. Ќе гори небото над нас“, порачаа од навивачката група.

Ако „фанатиците“ навистина бидат двојно повеќе од минатиот пат, тогаш нема да се знае кој е домаќин на мечот и БиХ ќе игра како дома.

Еве како изгледаше стадионот „Ернст Хапел“ пред три години кога таму гостуваа Босанците:

- Оглас -

Најнови вести