Мурињо се интересира за најдобриот косовски напаѓач

Тотенхем е подготвен на Фенербахче да му плати 4,5 милиони фунти за 26-годишниот напаѓач од Косово, Ведат Муриќи. Во Фенер сметаат дека оваа понуда е премала, а на Тотенхем му треба Муриќи како замена за Хари Кејн, кој е главен напаѓач во тимот, но сезонава пропушти доста мечеви поради повреда. За Муриќи се интересираат и Лацио и Наполи, па лондонскиот тим за да го добие опасниот голгетер, ќе треба да понуди повеќе пари.

Според турските медиуми, Фенер нема намера да се раздели со својот прв стрелец за помалку од 20 милиони евра, што е четирипати повеќе од понудата на Тотенхем.

Муриќи даде 25 гола за Ризеспор во турското првенство минатата сезона и тоа му осигури трансфер во Фенербахче, каде што продолжи да ги тресе мрежите. Сезонава тој има 13 гола на 25 меча. Добар беше и во дресот на репрезентацијата на Косово, која наесен ќе биде ривал на Македонија во битка за место на Европското првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести