Јовичевиќ го цени Адеми – Динамо не го менува капитенот

И новиот тренер на Динамо Загреб, Игор Јовичевиќ исклучително го цени капитенот на тимот Аријан Адеми, кој останува константа во екипата и за новата сезона.

Македонскиот репрезентативец е капитен на популарните Модри и веројатно така ќе биде и идната сезона, освен ако за Адеми не пристигне исклучително добра понуда што не се одбива.

Засега ја нема, а во услови на криза со пандемијата со Коронавирус тешко ќе биде за Адеми да најде соодветна понуда, откако претходно пропушти шанса да игра за Лил, а имаше и понуда од Ал Наср, клуб од Саудиска Арабија.

Хрватските медиуми објавија фрапантен податок дека Динамо има под договор дури 50 фудбалери, па и објавија можна листа на играчи што ќе си заминат. На неа го нема Адеми со напомена дека од него тешко ќе се откаже тренерот Јовичевиќ.

Од неодамна во редовите на хрватскиот првак пристигна и Гоце Седлоски, кој го замени токму Јовичевиќ на клупата на вториот тим на Динамо Загреб.

- Оглас -

Најнови вести