Крај за европската кошарка: Откажана сезоната во Евролигата и Еврокупот

Сезоната 2019/20 во Евролигата и Еврокупот и официјално е откажана. Оваа одлука денес ја донесоа клубовите заедно со управата на Евролигата, на состанокот мнозинството беше против доигрување на сезоната која се прекина на 12 март поради пандемијата со корона-вирусот.

Во текот на состанокт самиот претседател на лигата Жорди Бертомеу предложил актуелната сезона да се откаже, а клубовите без многу размислување ја прифатиле одлуката. Од претходно и асоцијацијата на кошаркари во Евролигата настојуваше да не се доигра меѓународното првенство, како сочувувањето здравјето ставено во преден план.

Стариот континент за оваа година нема да добие кошаркарски владетел, таа титула засега останува на ЦСКА Москва како последен тим кој ја освои Евролигата, додека последен освојувајч на Еврокупот беше тимот на Валенсија.

- Оглас -

Најнови вести