Фудбалски спектакл по пауза од два и пол месеци: Битка за титулата во Дер Класикер

Борусија Дортмунд – Баерн Минхен (18:30ч)

Последното големо дерби го проследивме на 8 март, кога се сретнаа Јувентус против Интер. Оттогаш пандемијата со корона-вирусот приндуно го паузираше фудбалскиот свет, но на чекањето конечно му дојде крајот. За денес е предвидено 126-тото издание на „Дер Класикер“ меѓу Дортмунд и Баерн, дерби кое може да го донесе шампионот на Германија.

Двете екипи тргнаа офанзивно по продолжувањето на сезоната и забележаа по две победи, оставајќи неизвесност во шампионската трка и четирите бода кои ги делат на табелата. Иако Баварците во првото овосезонско дерби славеа со убедливи 4-0, на нив ќе биде притисокот да го оправдаат тој резултат, а воедно да дојдат чекор поблиску до рекордната осма по ред титула во Бундеслигата.

Милионерите се во серија од шест победи во низа во шампионатот, додека тимот на Ханси Флик сè уште е непоразен во 2020 година, односно единствен кикс е ремито против Лајпциг без голови кое се одигра во февруари.

Предлог тип: X2 & 3+ (1.86)

 

Баер Леверкузен – Волфсбург (20:30ч)

Фармацевтите тргнаа моќно со две гостински победи во кои постигнаа вкупно седум гола, а нивната млада ѕвезда Хаверц блеска со секој допир на топката и е клучен фактор за добрите резултати. Леверкузен за првпат по рестартирањето на сезоната ќе игра на домашен терен, но тоа и не прави некоја разлика ако се земе предвид отсуството на навивачите.

Волците се ранливи по поразот од Дортмунд, а во нивен прилог не одат ниту меѓусебните дуели против Баер, во коишто забележаа една победа од 2016 година, па наваму. Два гола се просек за Леверкузен во мечевите против Волфсбург, така што од домаќините се очекува ефикасност.

Предлог тип: 1 & T12+ (2.07)

 

Ајнтрахт Франкфурт – Фрајбург (20:30ч)

Со продавањето на неколку клучни играчи минатото лето, Ајнтрахт претрпе слободен пад со настапите и оваа сезона се најде во позиција да се бори за опстанок. Кризата за нив продолжи и по рестартирањето на првенството со два забележани порази, надоврзувајќи се на трите лоши резултати од претходно.

Ниту Фрајбург не запиша победа откако Бундеслигата повторно е на програмата, но барем нивната позиција на табелата е пореспектабилна од денешните домаќини. Фрајбург е во трка за последното место кое води во Лигата на Европа, што значи дека вечерва може да се очекува тврд дуел.

Иако Фрајбург ја доби првата овосезонска пресметка со минимални 1-0 против Ајнтрахт, домаќините ќе целат на реванширање.

Предлог тип: 1X & 1-3 (2.25)

 

Вердер Бремен – Б. Менхенгладбах (20:30ч)

Двете екипи со различни мисии имаат една иста цел, вечерва да триумфираат за да си ги одржат шансите во посебните битки. Вердер се бори за опстанок, Менхенгладбах брка пласман во Лигата на шампионите, што значи дека трите бода за нив вредат злато во моментов.

Менхенгладбах како фаворит има поголеми шанси за триумф, а тоа го потврдуваат и позитивните резултати на последните три гостувања во Бремен. Вердер, пак, не памети победа против Менхенгладбах од 2015 година па наваму, така што ново разочарување е на повидок.

Предлог тип: X2 & ГГ (1.95)

 

МОЛ Фехервар – Мезоковеш (18ч)

Унгарците со полуфиналните натпревари во Купот го најавија враќањето на фудбалот во оваа земја, а нашите репрезентативци Бобан Николов и Висар Муслиу веќе учестувуваа во ремито од 1-1 во првиот дуел против Мезоковеш кое се одигра пред три дена. Сега македонските фудбалери имаат големи шанси да обезбедат пласман во финалето, со оглед на тоа дека Фехервар повеќе од шест години е без пораз од Мезоковеш на домашен терен.

Пред принудната пауза, двете екипи само по еднаш загубија во унгарското првенство, што е доста солиден биланс во последните 10 средби, а воедно е најава дека вечерва ќе триумфира тимот кој повеќе ја посакува победата.

Предлог тип: 1 (2.08)

- Оглас -

Најнови вести