Вили Кабалјеро бил цел на закани по живот по примениот гол против Хрватска на последниот Мундијал во Русија одигран пред две години.
Гаучосите загубија од Хрватите со 0:3, а првиот гол што беше и клучен за високиот пораз беше по кардиналната грешка на голманот на Челзи.
Во 53-тата минута од дербито, Кабалјеро се обиде да го надмудри Ребиќ, но погреши и практично му ја додаде топката на хрватскиот напаѓач, а на семафорот светна 1:0 за Коцкестите. Потоа Модриќ и Ракитиќ само ја потврдија победата на Хрватите, а по мечот Кабалјеро преживуваше тешки моменти.
„Сакав да ја додадам топката до Салвио, но ногата ми заглави во тревникот и се случи кардиналната грешка што беше пресудна за поразот на Аргентина. Веќе следниот ден почна пеколот за мене. Оддеднаш телефонот постојано ми звонеше или ми доаѓаа пораки. Дел од нив беа застрашувачки со закани и за смрт. Постојано мислев на безбедноста на моето семејство“, вели Кабалјеро.
Вили потоа беше заменет и до крајот на шампионатот место него, на голот на Аргентинците беше Франко Армани. Гаучосите во осминафиналето загубија од актуелниот светски првак Франција со пораз од 3:4, а Хрватска играше во финалето против Триколорите и загуби со 2:4.