Мај е фудбалски рај – Од утре ќе играат Данците, на готовс се и Србија, Црна Гора, Полска, Украина….

Данците се приклучуваат од утре на скромното фудбалско семејство, но мај е вистински рај за најважната споредна работа на светот и се очекува продолжение на уште неколку значајни лиги во Европа.

Со мечот меѓу Орхус и Рандерс, утре од 19 часот данската Суперлига ќе го има своето продолжение по долгата пауза од два и пол месеци, а по нив во петок ќе се рестартираат австриската, српската и полската лига.

За во сабота, на 30 мај, најавен е меч од хрватскиот куп меѓу Славен Белупо и Локомотива Загреб во полуфиналната пресметка, а ќе продолжи и Третата германска лига, натпреварите во Литванија, Црна Гора и Украина.

Последниот ден од овој месец ќе го обележи и рестартирањето на мечевите во Индонезија, а ќе се игра и националниот куп на Тунис, како одлична најава за јуни, месец во кој се очекува вистинска фудбалска експанзија и камбек на уште дузина фудбалски првенства што беа прекинати во март поради пандемијата со корона-вирусот.

- Оглас -

Најнови вести