Дешамп: Гледам Бундеслига и забележувам многу нелогичности

Одлуката за прекин на сезоната во француската лига е правилна, смета селекторот на Триколорите, Дидие Дешамп, но тој смета дека има и многу нелогичности во мерките кои се спроведуваат по паузата поради корона-вирусот.

„Немам сомневање дека одлуката за прекин на француската лига е исправна. Не сакам никого да го критикувам или осудувам, но гледав мечеви од Бундеслигата и некои работи не ми изгледаат логично. Гледам фудбалери кои играат со сите стандардни елементи, стартови, контакти, а на трибините резервите се со маски, на оддалеченост од два метри еден од друг. Не разбирам. Дали на трибините и клупата ризикот е поголем? Не ми се допаѓаат тие двојни стандарди“, вели Дешамп.

Селекторот на Франција смета дека главен мотив за продолжување на лигите е економијата.

„Видете што се случува во Шпанија и Англија. Сакаат да ги продолжат машките лиги, но ја завршија сезоната во женскиот фудбал, каде што приходите се помали. Тоа многу говори“, додаде човекот кој има светска титула и како играч и како селектор.

- Оглас -

Најнови вести