Ливерпул е како од друга димензија за Ѕвезда, но сите сакаат спектакл во Белград

Црвена ѕвезда на својот стадион вечерва игра против Ливерпул во меч од четвртото коло во Лигата на шампиони. Српскиот првак има само еден бод по првите три меча и е аутсајдер во групата каде што се уште и Наполи и Пари Сен Жермен. Тоа го знае и тренерот на Ѕвезда, Владан Милојевиќ.

„Екипите кои се во нашата група играат во трите најдобри лиги во светот и за нас се како од друга димензија. Сите три ривали се натпреваруваат за трофејот во Лигата на шампиони, но ние ветуваме дека ќе се бориме за секоја топка. Важно е дека во Белград ќе има спектакл. Потребни ни се вакви случувања. Потребно ни е најдобрите клубови во свет да гостуваат во Белград. Резултатот не е толку важен, но секако дека без разлика каков ќе биде, јас сум одговорен за тоа. Ливерпул е голем фаворит, но ние сме подготвени. Верувам дека атмосферата на нашиот стадион ќе биде многу подобра од таа на „Енфилд роуд“. Не знам дали тоа ќе влијае на гостинските играчи, но знам дека ќе биде спектакл“, рече тренерот на Црвена ѕвезда, Милојевиќ.

Мечот на стадионот „Рајко Митиќ“ се игра со почеток од 18.55 часот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести