Швајцарската Влада од претходно даде зелено светло за реактивирање на спортките настани и првично клупските тренинзи, а денес клубовите од Суперлигата и Челинџ лигата го изгласаа датумот за рестартирање на двете фудбалски првенства. Фудбалската сезона во Швајцарија ќе продолжи на 19 јуни, четири месеци по принудниот прекин поради пандемијата со корона-вирусот.
Од вкупно 20 клубови, дури 17 гласале за, два клуба биле против рестартирање на сезоната и имало еден воздржан. Последните натпревари во Суперлигата се одиграа на 23 февруари, а само неколку дена подоцна се донесе одлука за привремен прекин на шампионатот.
Останаа да се доиграат уште 13 кола, а по 23 натпревари Сент Гален и Јанг бојс водат тесна битка за шампионската титула делејќи го врвот со по 45 бода, додека Базел е трет со 40 бода.
Les clubs de #SuperLeague et de #ChallengeLeague ont massivement voté pour une reprise de la compétition dès les 19, 20 et 21 juin. Il y a eu 17 voix pour, 2 voix contre et 1 abstention. @News_SFL
— Teleclub Romandie (@TeleclubSports) May 29, 2020