Фудбалерот на Спартак од Суботица, Милан Марчиќ, постигна гол каков што ретко се гледа на терените во Србија, а неговиот погодок вредеше и три бода бидејќи со таа мајсторија тимот дојде до водство од 2-1, резултат кој беше и конечен. Марчиќ со спектакуларен удар од 20-тина метри со надворешниот дел од копачката, на топката ѝ даде убав фелш и таа заврши под пречката.
Ова ќе биде гол на колото во Суперлигата на Србија, а кандидат и за погодок на сезоната.
Сезонава нема испаѓање, па за Инѓија овој пораз и не е толку болен. Ниту во Рад нема да бидат премногу разочарани по поразот од Црвена ѕвезда, но првакот до кршење на отпорот и водство од 1-0 дојде по сомнително досуден пенал бидејќи прекршокот можеби беше направен надвор од 16-никот. Пеналот го направи Перендија, ексиграч на Вардар и Работнички.
Ова се головите на мечот Инѓија – Спартак, а посветете внимание на победничкиот за 2-1 за гостите: