Џанпјеро Гасперини со симптоми на Коронавирус ја предводел Аталанта од клупата на реванш мечот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Валенсија на празната „Месталја“.
Гостите од Бергамо славеа на 10. март со 4:3 и се пласираа во четвртфиналето што ги очекува во елитното натпреварување. За вистинска епидемиолошка бомба се смета првиот меч меѓу овие две екипи во Милано пред полни трибини.
„Погледнете ги фотографиите од реваншот на Месталја. Бев блед и се чувствувам многу лошо и претходниот ден. Следните 24 часа кога и се играше мечот како да имав грозница и едвај стоев на нозе. Потоа таквата ситуација траеше уште два дена. И амбиентот во Валенсија беше застрашувачки. На секои две минути се слушаа сирените од болничките возила. Како да бевме во воена зона“, раскажува тренерот на Аталанта.
Потоа стасале резултатите и од крвниот тест, кои потврдиле дека Гасперини имал Коронавирус, но за среќа брзо успеал да го победи опасниот вирус.
„На 14. март го имав најтешкиот тренинг во животот. Минав еден час на машината за трчање и по 10 минати километри се чувствував одлично“ додава Гасперини.
Тестовите на Ковид-19 му биле направени меѓу двата меча, а тој во Милано игран на 19. февруари се смета за иницијална каписла за заразата која беше исклучително раширена во Ломбардија, област од која е Аталанта.