На денешен ден пред 11 години, Робин Соделринг го шокираше светот со победа над Рафаел Надал во 4. коло на „Ролан Гарос“, и тоа беше прв пораз на Шпанецот на земјените терени во Париз. Само неколку недели претходно, Надал истотака на земјена подлога, во Рим го растури Швеѓанецот со 6-0, 6-1, но на гренд-слемот во Париз, се случи незамисливото.
Содерлинг ја запре низата на Надал од 31 победи по ред на „Ролан Гарос“. Со ова се отвори патот на Роџер Федерер да го освои гренд-слемот кој единствено му фалеше во колекцијата гренд-слеми, и тој не ја испушти шансата. Надал до пред мечот со Соделринг, во Париз немаше загубено ниту два сета, сите ги победуваше со 3-0 или 3-1, па затоа оној 31 мај од пред 11 години, е запишан во историјата на тенисот.
Содерлинг тогаш како 25-ти на АТП листата, ја почувствува својата шанса да приреди сензација која ќе се памети со децении. Одигра речиси без грешка, и оствари голем триумф. Подоцна, тој стигна и до финалето, но таму загуби од Федерер. После тој пораз од Содерлинг, Надал уште осум пати го освои „Ролан Гарос“, но веќе не можеше да се пофали дека е непобедлив на тој турнир.