Спортот полека се враќа по пандемијата на корона-вирусот, но главно без навивачи на трибините. Многу клубови се сетија да ги поплнат трибините на креативни начини, со поставување картонски маски со ликовите на фановите на седиштата. Такво нешто се прави и во Австралија, но направија и грешка.
На мечот од автралиската лига во рагби помеѓу Пенрит пантерс и Њукасл најтс, еден од „навивачите“ беше Харолд Шипман, сериски убиец од Велика Британија. Шипман во 2000 година беше прогласен за виновен за убиство на 15 пациенти, на кои им вбризгал смртоносна инјекција. Од лигата реагираа и истакнаа дека во иднина ќе внимаваат повеќе за да не дојде до вакви пропусти.
Но, ексрагбистот Мети Џонс, кој сега е телевизиски коментатор, во својата емисија на шега измонтира фотографија со ликот на Адолф Хитлер и потоа во стилот на австралиската лига се извинуваше за пропустот. Тој сакаше да покаже дека извинувањето не е доволно.
Ова е спорната фотографија на која се гледа Шипман меѓу навивачите и тоа не мина незабележано:
Ваков сличен гаф направија и Јужнокорејците, кои наместо картонски навивачи, на трибините поставија кукли за секс.