На годишнината од освојувањето на втората европска титула, РК Вардар го официјализира ангажманот на репрезентативецот Гоце Георгиевски. Десното крило се согласи на двегодишен договор со Црвено-црните. По Филип Талески, популарниот Џомба е второ репрезентативно засилување на македонскиот ракометен гигант.
Георгиевски до неодамна настапуваше во Романија за ЧСМ Букурешт, а за неговите услуги на Вардар му конкурираше ривалот Металург. Враќањето во Македонија ќе го одбележи во црвено-црниот дрес на двократниот европски првак.
Од претходно е познато дека Вардар се засили со Кантегрел, Јагуриновски, Санталов и Талески.