Во кавга нема социјална дистанца – Се фатија за гуша Немања Видиќ и Милан Павков (Видео)

Црвена ѕвезда успеа да се пласира во полуфиналето на српскиот куп со победа од 2:1 против Инџија, а покрај головите, мечот го одбележа и инцидентот во финишот на првото полувреме.

Играч со познато име и презиме, Немања Видиќ, кој сепак не е познатиот српски фудбалер што играше за Манчестер јунајтед, и Милан Павков се фатија за гуша во 40-тата минута и воопшто не ги почитуваа мерките за социјална дистанца.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=VqCD2W8K8SU&feature=emb_logo

Веднаш настана гужва бидејќи се вмешаа и играчи од двете екипи во обид да ја смират ситуацијата, која е невообичаена и недозволена во услови кога пандемијата со корона-вирусот сè уште не е скротена.

Сепак, на крајот беше избегнат поголем инцидент, а Црвена ѕвезда со головите на Иваниќ и на Бен во 36-тата и во 38-мата минута славеше победа за пласман во полуфиналето на српскиот куп.

Почесниот гол за Инџија го постигна Јовановиќ во 87-мата минута.

- Оглас -

Најнови вести