Оптимизам на ниво: Реал може да победи во сите 11 меча во Примера

Само со две титули во последните 10 години, Реал Мадрид е во подредена улога во шпанското првенство. Во кралскиот клуб веруваат дека на крајот од сезонава ќе се радуваат, иако моментно заостануваат со два бода во однос на најголемиот ривал Барселона.

До крајот на првенството остануваат уште 11 кола, а Лукас Васкес е еден од најголемите оптимисти во редовите на Реал. Тој очекува мадридскиот гигант да победи на сите натпревари до крајот и тоа да биде доволно за освојување на пехарот.

„Дуелот против Еибар е прво од 11-те финалиња кои ги имаме до крајот на Примера. Уверен сум дека ќе победиме на сите 11 средби до крајот и тоа да биде доволно за освојување на титулата“, вели Васкес.

За првпат по четири сезони, Реал сега има позитивен биланс од двата меча против каталонскиот гигант, што значи дека доколку двата тима имаат еднаков број бодови, на крајот пехарот ќе заврши во Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести