Легендарниот поранешен светски боксерски првак Мајк Тајсон е во завршна фаза од подготовките пред неговото враќање во рингот. Иако има 53 години, Тајсон реши дека повторно е време да се врати на боксот и да има неколку хуманитарни дуели. Иако уште не се знае неговиот прв противник, Тајсон напорно тренира, а со своите изјави останува интересен и додека се чека неговото враќање.
Тајсон вели дека сега кога е постар, ја сфаќа улогата на жената во неговиот живот и дека доколку нема жена, тој би било единствена причина поради која би се самоубил.
„Без сопруга сум како диво животно. Кога човекот е постар, сосема поинаку гледа на жената. Кога бев помлад, гледав на нив само како на задоволство. Сега многу повеќе ги ценам и сметам дека се поубавата половина од секој човек. Во оваа фаза од животот таа е мојот учител“, вели Тајсон, кој од 2009 година е во брак со Лаки Спејсер, со која има и три деца.
Пред да биде во брак со Спејсер, Тајсон се женеше и со Робин Гивенс и Моника Тарнер. Во голем дел од животот Тајсон правеше скандали, често беше пијан или уживаше во дрогата, па беше на работ од банкрот. Тогаш се појави Спејсер, која успеа да го смири, а Тајсон со нејзина помош повторно го врати богатството.
„Ако мажот воопшто не се плаши од жената, тогаш не го живее животот како што треба. Затоа и трипати се женев. Не можам да живеам без жена. Ако немам сопруга, ќе се самоубијам и тоа навистина го мислам. Ако некогаш останам без сопруга, веднаш ќе се самоубијам. Ми треба некој што ќе го слушам. Јас сум војник и не секогаш размислувам со својата глава. Треба некој што тоа ќе го прави место мене затоа што знам каков сум“, објасни Тајсон.