Игуаин ли е, Тони Сопрано ли е? (Фото)

Аргентинецот Гонзало Игуаин повторно има проблем со тежината, не му е првпат да го има овој проблем, а на денешниот тренинг на Јувентус, се здоби со повреда на мускул во десниот бут, и деновиве после дополнителни прегледи ќе се знае колку време ќе треба да паузира. Се шпекулира дека можеби ќе го пропушти и остатокот од сезоната, но тоа е најцрно сценарио, пореално е да го нема околу две недели, што би зналечо дека нема да се појави во Купот и во првото коло од продолжувањето на Серија А.

Фановите на Јуве биле непријатно изненадени кога го виделе Игуаин, кој прилично се поправил за време на двомесечната пауза. Некои коментираат дека 32-годишниот Пипита бил на „диета“ во некоја пицерија, други го нападнаа дека држел дистанца од здравата исхрана, трети го споредија со актерот Џејмс Гандолфини, кој го глумеше легендарниот лик Тони Сопрано.

 

- Оглас -

Најнови вести