Искусниот офанзивец на Наполи Хосе Калјехон, наводно одбил да ја продолжи соработката со клубот со цел да се врати во Шпанија. Ексиграчот на Реал Мадрид по крајот на сезоната ќе биде слободен играч, а веќе одлучил каде ќе ја продолжи кариерата.
За неговите услуги се интересирале Севилја и Валенсија, а Калјехон одлучил да го даде својот збор на Лилјаците и да му биде градски ривал на нашиот Енис Барди, кој ги брани боите на Леванте.
Калјехон во 2013 година пристигна на „Сан Паоло“ каде што досега одигра повеќе од 330 натпревари забележувајќи 80 гола и 77 асистенции.