Албанскиот интернационалец Клаус Ѓасула од Падерборн, е еден од најпаметните фудбалери во германската лига, бидејќи одлично си ги контролира жолтите картони и иако многу често пожолтува, на ниту еден меч не дозволи да биде исклучен.
Ѓасула сезонава е рекордер во Бундеслигата со 16 жолти картони во 26 кола. Овие 16 опомени се изедначување на негативниот рекорд на Томаш Хајт од пред 21 сезона. Освен негативните статистички показатели, Ѓасула има и по два гола и асистенции.