Николов и Муслиу со МОЛ ќе ја одржат серијата без пораз

Хонвед – МОЛ Фехервар (21:05ч)

На пет кола до крајот во унгарското првенство, само чудо може да ја донесе титулата кај Фехервар, но добро е што тимот на репрезентативците Николов и Муслиу речиси и да го осигурија пласманот во квалификациите за Лигата на Европа. Откако продолжи сезоната во Унгарија, Фехервар е без пораз во четири меча, од кои два се во Купот.

Против Хонвед претходно сезонава МОЛ ремизираше без голови, а денеска гостите треба да искористат тоа што Хонвед во претходното коло загуби на гости кај Ујпешт и излезе од колосек.

Предлог тип: X2 & 1-3 (1.95)

 

Сарбрикен – Баер Леверкузен (20:45ч)

Леверкузен е апсолутен фаворит во полуфиналната битка против четврлигашот Сарбикен. Домаќините повеќе од 90 дена не се во натпреварувачки погон, а уште поголем предизвик е што Сарбрикен првпат е во ваква ситуација да се бори за финале во Германскипт куп.

Фармацевтите се во турбулентна форма, а воедно и повредени по тешкиот пораз од Баерн Минхен со 4-2, но факт е дека нема да го потценат противникот, со оглед на тоа дека пласманот во финалето за нив ќе биде успех. Инаку овие две екипи се сретнаа во сезоната 1992/93, а Сарбрикен еднаш победи и ремизираше на „Бај арената“.

Предлог тип: 2 двојна (1.92)

 

Австрија Виена – Алтах (20:30ч)

Двете екипи имаат најголеми шанси за опстанок во австриската елита со тоа што ја предводат табелата во плејаут-фазата. Во регуларниот дел од сезоната, Австрија славеше против Алтах на домашен терен со сигурни 2-0, односно во улога на домаќин доби три од претходните пет меѓусебни меча.

Дуел на Австрија и Алтах гарантира голови, иако по продолжувањето на сезоната, две екипи не успеале да реализираат повеќе од еден гол во досега одиграните средби.

Предлог тип: ГГ3+ (1.80)

 

Жил Висенте – Фамаликао (22ч)

По големото изненадување против Порто, Фамаликао ќе го напаѓа местото на Спортинг, преку кое се обезбедува пласман во квалификациите за ЛЕ, а вечерва налета на противник по мерка за да се воспостави победнички ритам. Против Жил Висенте гостите имаат позитивен биланс во дуели од првата и втората португалска лига, претходно сезонава на домашен терен Фамаликао славеше со 2-1.

Жил Висенте во претходното коло загуби од Портимоненсе, а тој пораз може да влијае врз играчите и вечерва.

Предлог тип: X2 & 1-3 (2.30)

 

Динамо Дрезден – Гројтер Фирт (18:30ч)

Дрезден има два заостанати меча, еден од нив ќе го одигра вечерва во обидот да се извлече од дното на табелата во Цвајта. Битката за опстанок за нив е исклучително тешка мисија, меѓутоа Гројтер не е во добра форма по рестартирањето на сезоната, па можно е домаќините да остварат позитивен резултат.

На страната на тимот од Фирт е статистиката според која нема пораз на последните три гостувања, а воедно Гројтер одржува добар биланс од четири победи во последните шест меѓусебни средби против Динамо.

Предлог тип: 0-1I & 0-2II (1.75) 

- Оглас -

Најнови вести