Играчите на Црвена ѕвезда повторно не успеаја да постигнат гол против вечниот ривал Партизан и одново беа елиминирани од Купот на Србија по поразот од 1:0. Како се чувствуваат, јасно и гласно кажа заменик-капитенот Марко Гобељиќ.
По поразот од 1:0 и елиминацијата од Купот при вообичаеното отпоздравување кон публиката, Гобељиќ имаше конверзација со голманот Борјан, објаснувајќи му зошто не се радува.
„Што ајде, не е*ат како стигнат“, рече десниот бек, веројатно заборавајќи дека до него блиску има камери.
Црвена ѕвезда веќе ја освои шампионската круна во првенството, но предолго пости во наципналниот Куп и нема трофеј осум години по ред. Последен пат ѕвездашите ѝ се радуваа на куп-титулата во 2012 година, кога го победија Борац во финалето со 2:0.
Партизан ќе игра против Војводина за петта куп-круна во серија, а мечот за пехарот е закажан за 24 јуни.