Рфаел Надал денес се огласи преку социјалните мрежи дека успешно ја минал операцијата на зглобот од десната нога. Повредата која го спречи да се натпреварува на Мастерсот во Париз и која го натера да се откаже од АТП-финалињата во Лондон, Шпанецот ја санираше и сега ќе биде потребно време да се рехабилитира.
Токму поради тоа, Надал мораше да го откаже хуманитарниот натпревар наменет за поплавите кои неодамна го зафатија градот Мајорка. Засега е неизвесно дали ќе го откаже и егзибицискиот меч против Новак Ѓоковиќ, кој е закажан за 22-ри декември, а треба да се одигра во Саудиска Арабија.
„Ви благодарам за сите пораки и поддршката, операцијата помина добро. Сепак, принуден сум да го откажам хуманитарниот настан кој е организиран за помош на оние кои настрадаа во поплавите кои се случија во Мајорка“, истакна Надал на „Твитер“.
Hola a todos. Gracias por los mensajes que he recibido ayer y hoy. La operación en el tobillo fue bien y ya desde casa comentaros que aplazamos el partido de exhibición previsto en beneficio de los damnificados en Llevant de Mallorca.
— Rafa Nadal (@RafaelNadal) November 6, 2018
Вториот светски рекет претходно, поради повреда на коленото, се откажа во полуфиналето на Отвореното првенство на САД, а потоа го пропушти и Мастерсот во Шангај. Дополнителни проблеми му правеа и болките во стомачните мускули, што беше една од причините што се откажа и турнирот во Париз.