Тебас потврди нови убави вести во пресрет на рестартот на сезоната во Ла Лига

Уште половина час преостанува до продолжувањето на сезоната во Ла Лига, која вечера ќе се отвори со дуелот меѓу градските ривали Севилја и Реал Бетис во рамките од 28-мото коло. По три месеци суспензија, фудбалот во Шпанија повторно ќе се игра во полна пареа, иако ќе недостасува публика на трибините.

Сепак, тоа може да се смени до пред крајот на сезоната, најави претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас.

„Ќе бидеме задоволни ако до крајот на сезоната успееме да обезбедиме пристап за ограничен број гледачи. Би биле среќни барем 15% од капацитетот на стадионите да бидат исполнети со навивачи“, вели Тебас.

Секако, за олеснување на мерките, поточно да се дозволи присуство на навивачи, прво треба да се добие зелено светло од шпанската Влада, а најавено е дека на оваа тема ќе се разговара на закажаниот состанок за околу две недели.

 

- Оглас -

Најнови вести