Една мала група навивачи на Динамо Загреб држеа навредлив транспарент со кој беа фотографирани и наидоа на осуда од целиот регион, па со изјава се јави дури и претседателот на Србија.
„Ќе ги е…. српските жени и деца“, пишува на срамниот транспарент, а буквата У е „украсена“ и со усташки симбол.
Освен транспарентот, истакнато е и знаме на ХОС, хрватските одбранбени сили, а младите момчиња додека палеле факли, извикувале „Убиј, убиј“, пишува човекот кој ја објави сликата на Фејсбук.
Српскиот претседател рече дека со транспарентот не биле навредени само жени и деца.
„Тие луѓе треба да одат на лечење, очигледно дека станува збор за педофили. Силувачите одат во иста категорија со педофилите. Тоа што сакаат да прават со деца, говори за нив, а не за Србите и нашите жени и деца. Сигурен сум дека мнозинството од хрватскиот народ не се согласува со нив, туку ова е група луѓе кои не знаат што да направат од омраза“, рече Вучиќ.