Кристијано Роналдо промаши пенал за Јувентус во 17. минута од реванш мечот против Милан во полуфиналето на италијанскиот куп, а веднаш потоа во истата минута поради груб старт, Анте Ребиќ доби црвен картон.
По консултација со судиите во ВАР собата, судијата Даниеле Орсато покажа на белата точка во 17. минута, а Португалецот ја погоди левата статива и не успеа да го постигне премиерниот гол во Италија, по фудбалската пауза од три и пол месеци.
https://twitter.com/D9INE_NEXUS_F1/status/1271523519914897408?s=20
Веднаш во продолжението на акцијата Ребиќ без потреба грубо стартуваше во дуелот со Данило и директно беше исклучен. Првиот меч во Милано заврши нерешено, 1:1, па сега Јувентус е во голема предност, бидејќи ќе игра во продолжението на реваншот со играч повеќе.