Како во старите добри денови: Типувајте на Барселона, Интер, Баерн…

Мајорка – Барселона (22 ч.)

Барселона никако не смее да си дозволува киксови на мечевите на кои е апсолутен фаворит како вечерва. Каталонскиот гигант победил на осум од последните девет меча со овој ривал. Мајорка се бори за опстанок, но без поддршка од домашната публика, тешко може да се надева на чудо. Ефикасна е Барселона против Мајорка и на последните шет меча даде 24 погодци.

Лионел Меси е подготвен да биде предводник на гостите, иако Барселона сезонава игра една од најочајните сезони на гости и има само пет победи во 13 дуели.

Предлог тип: 2&3+ (1.68)

 

Наполи – Интер (21 ч.)

Меч со голем влог, затоа што на крајот еден од двата тима ќе се радува на пласман во финалето на Купот на Италија. Наполи има предност, победи со 1:0 на првиот меч во Милано, а сега игра на свој терен, но без публика. Интер полека ја губи трката за титулата во првенството, па можеби преку Купот има пореални шанси да се обиде да стигне до трофеј.

Нераѕурите мора да бркаат победа и би биле пресреќни доколку го повторат резултатот од јануарското гостување во Неапол кога славеа со 3:1. Сепак, сигурно ќе има многу калкулации и неизвеност до крајот.

Предлог тип: Х2&0-2 (2.62)

 

Баерн Минхен – Борусија Менхенгладбах (18:30 ч.)

Во Германија, Борусија Менхенгладбах е единствениот тим кој може да се пофали дека според билансот на меѓусебни дуели во последните шест години е со позитивен биланс против Баерн. На последните 15 меѓусебни меча, екипата од Менхенгладбах има пет победи, Баерн се радувал само четири пати, а шест средби завршиле нерешено.

Сепак, Баерн сега е во одлична форма и сигурно германскиот првак ќе сака да се реваншира за поразот во првиот дел од сезоната.

Предлог тип: 1 (1.42)

 

Херта – Ајнтрахт Франкфурт (15:30 ч.)

Со 10 освоени бодови од петте кола кои се одиграа по враќање на Бундеслигата, Херта е еден од поуспешните клубови. И Херта и Ајнтрахт се во средината на табелата и треба да бидат во сигурната зона со мали шанси за излез во Европа.

Ајнтрахт врза две победи на гости и тоа секако дека влева надеж за гостите. Двете екипи немаат сигурни одбрани, па не е чудо ако има погодоци на двете страни.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.77)

 

Бешикташ – Анталијаспор (20 ч.)

Бешикташ е далеку од трката за титулата, а како спас за сезоната е да обезбеди излез во Лигата на Европа. Анталијаспор беше во добра форма пред прекинот на првенството, но сега е сосема поинаку. Иако се игра пред празни трибини, домаќините се големи фаворити.

Гигантот од Истанбул игра солидно на свој терен, а има победи на четири од последните пет меѓусебни меча. Последните четири натпревари на овие две екипи завршиле ГГ3+.

Предлог тип: 1 (1.55)

 

- Оглас -

Најнови вести