Судот во Лондон го отфрли обвинението против Калум Хадсон-Одои за наводно силување. Младата англиска ѕвезда беше приведена од својот дом на 17 мај откако девојката која била гостинка кај него дома го пријавила за силување. Полицијата веднап по пријавата реагирала, па Хадсон-Одои ноќта ја мина во притвор пред да му биде платена кауција.
Речиси еден месец по инцидентот случајот се разреши во полза на играчот на Челзи, кој сега може да се фокусира на рестартот на сезоната. Хадсон-Одои во меѓувреме се огласи на социјалните мрежи:
„Сето ова време молчев и ѝ асистирав на полицијата за да го разреши случајот, бидејќи верував ќе се донесе вистинската одлука затоа што знам дека не бев виновен. Полицијата ја заврши истрагата која покажа дека сум во право, така што ослободен сум од сите обвиненија. Во меѓувреме научив што значи да се биде дел од еден голем клуб носи голема одговорност и како играч на Челзи ќе се обидам во иднина да бидам пример за сите“, пипува во соопштението на Хадсон-Одои.
Инаку, крилниот офанзивец на Челзи беше првиот фудбалер во Премиер лигата кој се зарази со вирусот ковид-19, но за десетина дена закрепна и веќе извесно време тренира нормално.
— Callum Hudson-Odoi (@Calteck10) June 13, 2020