Прогнозерите имаат предлог за добитен тикет – По три кеца и двојки и нула на романското дерби

Учесниците на нашата популарна игра Спортска прогноза имаат интересен предлог за преостанатите 7 натпревари што ќе се играат денеска и утре, а ви ги понудивме во 29. коло.

Во формација 3-1-3 според процентот на типуваните натпревари може да се склопи тикет со одличен коефициент од 331 во обложувалниците на Sport Life.

Имате време да уплатите до 13.30 часот кога почнува првиот меч што е на распоред, а ќе играат Дармштад и Хановер во Втората германска лига.

Според пристигнатите прогнози на нашите учесници грото од нив типуваат дека гостите ќе победат, а коефициентот е 2.50 за триумф на Хановер.

Идентично е и со дербито во Шпанија, меѓу Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид. Ќе почне половина час подоцна, а и тука двојката е фаворит-тип на нашите прогнозери, со ист коефициент, 2.50, што го нуди Sport Life во Супер типот за недела.

Мајнц ќе го победи Аугсбург во дербито на долниот дел на табелата во Бундеслигата е предлогот на прогнозерите, а Баер е голем фаворит за победа на „Велтинс“ арена во Глезенкирхен против Шалке 04.

За добар тикет мора да има и „нула“, а за денеска предлогот е дека нерешено ќе заврши романското дерби на двете првопласирани екипи. Лидерот Клуж и е домаќин на Стеауа во битката за титулата. Коефициентот за реми е точно 3 квота.

За двата утрешни мечеви од 29. коло на Спортска прогноза грото типови се дека ќе победат домашните екипи. Маритимо во Португалија е голем фаворит против Жил Висенте, а се очекува и триумф на Бетис против Гранада во меч од Ла Лига.

Се заедно со три единици, една нула и три двојки тикетот во Sport Life има коефициент од 331 и за уплата од 100 денари се добиваат 33.081 денари.

Може да се искомбинира и варијанта со денешните пет меча, или дури и да се додаде преостанатиот пар од резервните двојки, а играат Рапид Виена и Волфсбергер, каде грото прогнозери типуваат единица со квота од 2.25. Изборот е ваш, а коефициентите и добивките се одлични.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести