Патрик Беверли, кошаркарот на ЛА клиперс, преку социјалните мрежи кажа кој ќе го има последниот збор околу одлуката за продолжување на сезоната во НБА-лигата. Беверли знае дека важна улога во таа одлука ќе одигра Леброн Џејмс, ѕвездата на градските ривали Лејкерс.
„Вие кошаркарите можете да зборувате што сакате. Ако Кралот каже да играме, тогаш ќе играме. Ништо лично, само бизнис“, напиша Беверли на „Твитер“.
https://twitter.com/patbev21/status/1272254786268618752
Се планира сезоната да продолжи на 31 јули со скратен формат, а завршницата да се одигра во „Светот на Дизни“ во Орландо. Има шанси тој план да се наруши поради протестите кои се актуелни во САД по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.