Томаш Вацлик лошо реагираше во 87-мата минута и го принуди својот соиграч Диего Карлос да си постигне автогол, со кој Леванте вторпат по ред се спаси од пораз во последните минути.
Голманот на Севилја потоа ги спаси гостите од пораз, со фантастична одбрана во 90-тата минута и не дозволи домаќините да направат комплетен пресврт.
Енис Барди играше во последните 30-тина минути и беше еден од клучните играчи на Леванте во мисијата да се прекине серијата од четири порази по ред од Севилја.
Тоа им успеа со автоголот на Карлос во 87-мата минута, а Леванте и пред три дена на сличен начин, со гол во последен момент се спаси од пораз во градското дерби против Валенсија. Автоголот на Карлос по лошата реакција на Вацлик погледнете го ОВДЕ.
Ова е втор меч за Барди и соиграчите по долгата три и пол месечна пауза на кој одиграа 1:1.
Севилја поведе со погодокот на Лук де Јонг во 46-тата минута, а гостите од Андалузија не успеаја да ја продолжат победничката серија против Леванте од 4 меча во низа.
https://twitter.com/Eds_Khumalo/status/1272602633300250624?s=20