Елмас не може да се одвои од првиот трофеј во кариерата (видео+фото)

Македонскиот дијамант Елиф Елмас вчера го освои првиот трофеј во кариерата со Наполи по пенал-серијата во која Наполитанците беа подобри од Јувентус во финалето од Купот на Италија. Нашиот репрезентативец доби прилика да заигра во финалето во самиот финиш, па иако не дочека да шутира во пенал-рулетот, неговите соиграчи порано ја завршија работата за шеста титула во Купот.

„Прв трофеј во кариерата освоен со специјален тим. Ова беше магична ноќ, се надевам дека ова е првиот од долгата серија. Форца Наполи“, напиша Елмас на „Инстаграм“ споделувајќи ја радоста.

Инаку Елмас имаше голема шанса за погодок во судиското надополнување со кој ќе го решеше мечот, меѓутоа Буфон оствари врвна одбрана во клучниот момент.

- Оглас -

Најнови вести