Коен Брамал го ископира стилот на Дејвид Бекам и со мајсторски изведен слободен удар му донесе предност на Колчестер во двомечот со Ексетер во битката за големото финале на „Вембли“.
Левиот бек на домашната екипа погоди од тешка позиција, а ударот беше како копија на славните слободни удари на неговиот многу попознат сонародник Бекам.
https://twitter.com/SkyFootball/status/1273677966275469313?s=20
Брамал беше член на Арсенал од 2017 до 2019 година, но не одигра ниту еден меч за Топчиите и по позајмицата во Бирмингам, му беше продаден на Колчестер.
Колчестер сега има предност од 1:0, со која ќе патува на реваншот против Ексетер. Брамал и неговите соиграчи се надеваат дека сега полесно ќе го прегрмат полуфиналниот бараж во обидот да се преселат во Лига 1 во Англија.
Реваншот ќе се игра за четири дена на „Сент Џејмс парк“ во Ексетер, а победникот од двомечот ќе игра на легендарниот „Вембли“ на 29 јуни во нокаут-финале за пласман во повисок ранг.
Второто полуфинале почнува вечерва од 20.45 часот, а меѓусебе двомеч ќе играат Нортхемптон и Челтенам.