Таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан, беше гостин во емисија на Спорт Клуб во која говореше за неговиот син и, меѓу другото, за ривалството на Новак со Роџер Федерер, моментално најтрофејниот тенисер во светот.
Таткото на првиот светски рекет смета дека на Федерер не му е сеедно што Надал и Ѓоковиќ му дишат во врат по бројот на гренслем-титули и токму поради тоа може да го загуби статусот на најдобар тенисер на сите времиња. Федерер засега има 20, Надал 19, Ѓоковиќ брои 17 гренслем-титули.
„Федерер и натаму е најдобар и најуспешен тенисер на светот. Тоа е факт според резултатите, но набрзо сето тоа ќе се смени. Роџер негува анимозитет кон Новак, иако низ годините изградија некој вид меѓусебно почитување. Но, што мислите, зошто Федерер игра на 40 години? Замислете човек од 40 години уште игра тенис наместо да оди дома да ужива, да се бави со некое интересно хоби. Нему не му е сеедно што Надал и Новак му дишат во врат, едноставно не може да прифати дека тие ќе бидат подобри од него: Човеку, оди занимавај се со нешто друго, земи скијај, одгледаувај деца, остави го рекетот“, вели Срѓан.
Ѓоковиќ инаку води во директните пресметки против Федерер со 27-23 по 50 меѓусебни средби.